За прв пат Македонско спелеолошко списание

Почитувани, Спелеолошки клуб “Златоврв” – Прилеп од 2012г. започнува со објавување на првото спелеолошко списание во Македонија: “Македонско спелеолошко списание | Macedonian Journal of Speleology” Македонско спелеолошко списание (МСС) претставува списание со научно-популарен карактер, во кое се објавуваат информации за спелеолошки истражувања, научни трудови за карстот и пештерите, како и информации за новости и достигнувања во техниките на совладување како и истражување на пештери и пропасти и ќе биде достапно бесплатно во електронски формат. Целта на ова списание е да допринесе кон дисеминација на резултатите од спелеолошките истражувања во Македонија, преку авторски заштитени трудови, како и доближување на светските достигнувања … Повеќе